недеља, 8. март 2015.

Денот на жените

8ми Март-празникот на жените низ целиот свет..ден кога им покажуваме на најблиските-мајки, баби, тетки, стрини нивното значење во нашиот живот, ден кога им посветуваме внимание и им даваме до знаење колку ни се потребни и што би правеле ако ги нема нив..
Секако секоја жена заслужува благодарност за сето тоа што таа со години го правела за нас, сеуште го прави и ќе продолжи да го прави и во иднина..8ми Март овој пат се одлучи да биде дождлив и студен..но во секоја природна појава има посебна убавина. Одејќи по улицата се обидувам да најдам нешто кое ќе биде инспирација за нов текст со нова содржина после некое време..но нема некои волшебни пејзажи тука, на кои би можел да им се воодушевуваш  целиот ден, сепак ова е голем град, кој е исполнет повеќе со различни градби , отколку со природни убавини..Барајќи ја својата инспирација, го кренав својот поглед кон сивото небо и токму таа темнина ми ја даде долго бараната инспириција, малку чудно затоа што секогаш неа сум ја барала и наоѓала во убавите нешта ишарани во различни бои..но овојпат токму таа бледост ми причинуваше задоволство..Покрај денешниот празник и самиот месец ми претставува еден од најубавите, затоа што овој променлив Март со себе ја носи и пролетта- омиленото годишно време, сакано како и останатите но сепак посебно, затоа што со своето доаѓање ја расцутува и ведрината и насмевките на многу лица..и тоа е тоа..денес 8ми Март да се потрудиме да им го направиме поубав од претходниот, затоа што навистина тие имаат заслужено..