понедељак, 15. децембар 2014.

Замисла



Снег-нештото кое најмногу го сакав уште од малечка и нештото кое сеуште го сакам..Тој е белег на детството,на моето детство кое сеуште трае...кој ме тера да се потсетувам на секој миг од мојот живот,нешто на кое му се радувам а со таа радост знам дека сум сеуште дете..Тој снег го замислувам како паѓа без прекин,насекаде создава еден прекрасен зимски пејзаж,средина во бела покривка,го замислувам како што го нема во овие неколку последни години...Се тоа изгледа вистинито,јас седам на масата,облечена во црвен џемпер со хеланки,а косата сплетена ..во раката држам чаша со чај од нане,омилениот..и читам една книга,одвреме навреме погледнувам кон прозорецот и ја набљудувам околината во која паѓа снег,многу снег. Откако завршувам со поглавјето кое го читам и ја допивувам последната голтка од чајот,станувам и одлучувам да излезам надвор...Ги облекувам моите чизми и јакна,и потоа околу вратот нежно го виткам шалот и ја ставам капата на глава.. Излегувам надвор и полека почнувам да се движам низ улицата,која беше целата препокриена со снег,насекаде се чуствува новогодишниот дух на луѓето. новогодишни подготовки и се останато..Инспирирана од природата,почнувам да размислувам за многу работи и да се потсеќам на многу мигови поминати со семејството,пријателите,деновите во училишните клупи,кои сега се празни ..добри и лоши сеќавања...Наеднаш ги гледам сите мои пријатели кои исто така беа излезени за да се воодушевуваат од убавината на снегот..Набрзо започнуваат нашите детски игри,мавање со топки снег,тркалање,сликање и мнг.друго. Сето тоа толку волшебно и остварливо..Тој снег како да ни ја раскажуваше неговата приказна..бела приказна ...Како самиот да ни кажуваше дека тој е симбол на другарувањето,на сите сеќавања,на првата љубов..и дека неговото значење го носиме токму ние децата..со чисто детско срце ја симболизираме неговата бела боја..Во тој момент се изгледаше како еден вистински настан,кој не сакав да заврши ..но враќај ги мислите кои беа надалеку заминати,сфатив дека тоа е само моја замисла,една убава снежна замисла...која со сето срце сакам да се оствари и никогаш да не заврши...
-Сара Трифуноска
https://www.facebook.com/Sarra.Trifunoska/posts/1591767197722398?pnref=story

Нема коментара:

Постави коментар