уторак, 16. децембар 2014.

Eдна зимска ноќ

Беше тоа една зимска ноќ,темна и студена..многу поразлична од другите..Ноќ која нема да биде заборавена..таа вечер се движеше по патеката,боса во една маица со хеланки..што се имаше случено со неа си знаеше само таа,таа и никој друг..Одеше само кон еден мал зрак во далечината,него го следеше..Ниту еднаш не се сврте,не погледна назад..Одеше само напред и не забележуваше ништо друго освен тој мал зрак во таа темна ноќ. Не се прашуваше каде ја води,едноставно не размислуваше..беше изморена од се,не сакаше мозокот да си го оптоварува со уште работи..Не ја чуствуваше земјата која беше покриена со снег,чекореше исто како да има облечено некои високи и топли чизми..Во тој час како ништо да не чуствуваше,изгледаше како таа да е навикната на тоа,како да не и претставува никаков проблем да се шета боса по снеговите,а од облека само една маица и едни хеланки..а сепак да не чуствува никаков студ, нејзиното срце беше претворено во еден камен,а сите емоции и беа замрзнати...а како и да не бидат?- После се што и се имаше случено таа изгуби надеж во се и и беше тешко да се помири и да продолжи ,дека надежта е таа која умира последна,а кај нејзе веќе беше изгубена... Единствено се обидуваше да си објасни,зошто таа го заслужила тоа?-немала ништо лошо направено ..зошто судбината и враќа на тој начин?-се прашуваше и бараше одговор,но неможеше да го најде...дека го немаше... Како да и застана времето,а со тоа и се останато.. Сакаше да се врати назад како што беше некогаш..насмеана и среќна,напорно учеше и сакаше да заврши факултет..потоа да оди и да го шета светот ,да може да си најде и работа и да започне еден свој самостоен живот...Но со нејзиното последно разочарување сите нејзини сништа пропаднаа во вода, се што долго време го планираше и сакаше да го оствари,го снема за миг.. Многупати се обидуваше се да почне од почеток, лошото да го заборави и да продолжи, продолжуваше да работи напорно на нејзините сништа,пак имаше насмевка на лицето и пак се трудеше да биде среќна,но последниот удар ја уништи,таа падна и неможеше повеќе да стане,нејзините сили не беа толку моќни...беше предадена од луѓето кои најмногу ги сакаше,се случија многу работи кои таа не ги очекуваше...и дури сега сфати што била причината што таа толку страдала..причината била што таа секогаш повеќе мислела за другите отколку за себе, секогаш прво се обидувала да им биде добро на другите,а после за неа..И од таа ноќ таа смени многу работи,стигна до малиот зрак и тогаш одлучи да проба повторно..застана на нозе се освести и реши од тој момент да размислува за себе и за никој друг..себе прво да си удоволи па после за другите..И со тоа стана посилна од било кога,стана една ладнокрвна девојка која сеуште ги имаше истите цели во животот но овојпат таа беше одлучена да ги стави на прво место,дека нема побитен некој од самата себе и колку да се труди да им помага на другите пак на крај таа си беше виновникот ..и направи како што беше цврсто решена,ги постигна своите цели и сега е среќна,конечно и таа најде свој мир...
Понекогаш без разлика колку и да ги сакаме некои луѓе и се обидуваме да им биде добро на нив,а после за себе да гледаме,нема секогаш да ни биде исто вратено...
-Сара Трифуноска


1 коментар:

  1. Emperor Casino Slot Machine Review | SlotsCasino.com
    Play Emperor Casino Slot Machine Online at Shootercasino for FREE or with Real Money! 제왕카지노 가입 코드 No Deposit Needed! Slots; Progressive Jackpots; Progressive Roulette; Progressive Jackpots

    ОдговориИзбриши