субота, 27. децембар 2014.

Тој

 Како и секој ден така беше и овој 20 октомври...беше нов почеток за неа..се пресели во поголем град,во нова средина и требаше да почне во ново училиште и да се спријателува со нови луѓе..не чуствуваше ништо посебно,веќе беше навикната на промените и очекуваше дека во почетокот ќе биде потешко,но ќе се навикне со време...и така беше..како што и самата имаше претпоставено..Започнаа новите познанства, сите ги интересираше од каде и каква е.. на неа не и пречеа ниту прашањата кои секојдневно и ги поставуваа..За кратко време стекна нови и добри пријатели,но сепак чуствуваше празнина...Дали тоа беше поради еден стар настан?-кој го имаше оставено некаде во минатото..или едноставно веќе беше претворена во едно ладнокрвно суштество,кое немаше ни трошка од чуствата? -многу работи ја имаа променето,ја тераа да размислува се позрело за својата возраст и постојано да се интересира што ќе се случи во иднината,заборавајќи да ја живее сегашноста..Ама тој ден...сретна некој,за кој знаеше од прв поглед,дека ќе промени многу нешта во нејзиниот живот...А и тоа се случи.. не се знаеше дали беше до него или самата со последните сили одлучи да си го врати размислувањето за својата возраст..Тој ја натера повторно да се смее до моментот кога ќе почнеш да паѓаш, каменот што го носеше во себе и го претвори во срце,кое го имала некогаш..и ги стопли замрзнатите чуства..ја натера да биде онаква каква што била некогаш..не беше повеќе еден робот кој не реагираше на ништо,туку една личност со вратени емоции...Ја натера да ја живее сегашноста и да биде среќна..Од тој ден до сега таа е многу променета, повторно полна со живот кој беше пред неа,желна за правење лудории, секој ден исполнет со разни глупости,смеење,зезање,учење,неучење,бркање,криење што и не..Повеќе не и беше важно што ќе се случи..и беше убаво секој ден со него...и знаеше дека нема да се покае,ако самата си дозволи малку простор,да ужива во секој период од животот,дека подоцна нема враќање..слушна и многу работи кои го опишуваа него на друг начин,дека не е тоа што се претставува,но нејзе не и беше битно,се додека тој ја правеше среќна не ја интересираше која е неговата друга страна,затоа што без разлика дали тој е добар или лош,ја натера да биде она што била,а не она во што беше таа претворена...



-
С.Трифуноска
27.12.2014

Нема коментара:

Постави коментар